Прва трансплантација на срце со која 54 годишен пациент ќе продолжи да живее нормално

Доцна по полноќ. 6 часа надчовеки напори, воодушевување, но и солзи,  а потоа аплауз за срцето кое зачука додека градот спиеше. 54 годишен пациент доби донирано срце, а тимот македонски лекари успешно ја завршија првата трансплантација на клиниката за кардиохирургија. „Кога сѐ беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето“, вели водечкиот кардиохируруг на операцијата Сашо Јовев.

43 –годишната Емилија Динева од Стар Дојран направила сообраќајка со својот нов мопед. Трајно го повредила мозокот и од понеделник се борела за живот. Но, тоа синоќа не почина. Продолжи да живее, бидејќи токму нејзиното срце, и бубрези спасија три човечки животи. По успешната трансплантација на нејзиното срце, на Клиниката за урологија се врши трансплантација и на нејзините донирани бубрези.

Срцето заврши кај 54- годишниот пациент кој доби втора шанса кој долго бил на листата на чекање за срце со уште двајца пациенти на со слични здравствени состојби. За да се изведе операцијата на пресадување, прво три часа лекарите правеле експлантација на срцето од донорот. Операцијата – трансплантација е успешна, лекарите продолжуваат со потешката борба, а тоа е како да се обебздат повеќе донатори на органи..

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.  Операцијата се држеше во тајност, а прв на социјалниите мрежи се огласи министерот Венко Филипче кој доцна ноќеска им посака среќа на неговите колеги. Сепак, за оваа трагедија да добие среќен крај семјество на Динева донело одлука да ги донира органите.

Павле Беловски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ