Прв пораз на СП: Хрватска останува нерешлива енигма за Македонија

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Светското првенство од Хрватска со 31-22 во рамки на 3.коло во групата Б. Продолжи лошата традиција на нашата селекција во дуелите со „коцкестите“ на големите натпреварувања, бидејќи го забележавме четвртиот пораз на исто толку натпревари.

Хрватска покажа дека моментално е далеку поквалитетна репрезентација, но останува и впечатокот дека и не заслуживме пораз од девет голови разлика со оглед на фактот дека бевме во игра до пет минути до крајот.

Двајцата селектори инсистираа на игра „7 на 6“, а по солидниот почеток, Хрватска почна да ја создава првата посериозна предсност и поведе со 7-4. Имавме кризен период, кога противникот со серија од 4-0 дојде до највисоките +6 во првото полувреме, а на паузата резултатот гласеше 16-11.

Во второто полувреме до некаде 50-тата минута бевме во игра позитивен резултат, бидејќи предноста на „коцкестите“ беше 22-19. Сепак одигравме многу лошо во нападот и до крајот постигнавме само три гол наспроти деветте на хрватска. нашата игра целосно се распадна во финишот, па оттука и убедливиот пораз од 31-22.

Дејан Манасков со шест голови беше најефикасен во редовите на нашата репрезентација, додека Кире Лазаров постигна четири. Кај Хрватска најмногу се истакна Домагој Дувњак со шест голови.

Шансите за пласман во следната фаза не се загубени, но ќе ни биде потребна барем една победа на последните два натпревари.

Утре Македонија има слободен ден, а со натпреварите продолжува во среда кога се среќаваме со Шпанија, додека последниот натпревар од групната фаза го играме со Исланд.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ