Против Грција за прво место во групата, пренос на Телма од 18 часот

Македонската машка ракометна репрезентација денеска од 18 часот во Струмица против Грција ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.

Нашата селекција веќе го обезбеди настапот на уште едно големо натпреварување и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита на Стариот континент, а на дуелот со Грција со триумф не само што ќе се реваншираме за поразот во Кожани туку и ќе го потврдиме првото место на табелата во групата.

Поради повреди на денешниот меч нема да настапат Стојанче Стоилов, кој имаше успешна операција на менискусот, Милорад Кукоски и Томислав Јагуриновски.

Нивните места во екипата ќе ги заземат Дарко Димитриевски, Мартин Серафимов и Горан Крстевски.

Натпреварот почнува во 18 часот, преносот на Телма стартува десет минути претходно, а од 17 и 15 ја емитуваме нашата специјална емисија посветена на дуелот во Струмица.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ