Протест пред кочанската “Пејпер Мил” заради загадувањето од фабричките оџаци

Жителите, коишто живеат во непосредна близина на кочанската фабрика за хартија  „Пејпар мил”  протестираа поради загадувањето на воздухот од фабричкиот оџак.

Тие го блокираа влезот на фабриката, со цел да престане испуштањето на густиот и задушлив чад од оџакот. Според нив проблемот се провлекува неколку месеци.

Од фабричкиот оџак денеска не излегуваше чадот, бидејќи вработени се на одмор.

Но, жителите кои денеска протестираа се категорични дека доколку и по завршувањето на одморите продолжи загадувањето ќе преземат по радикални чекори.

Општината досега неколку пати реагирала до компанијата, а отаму биле известени дека поседуваат А интегрирана дозвола и имале промени во начинот на добивање на водената пареа.

Побарано е и надлежните инспектори да излезат на терен и да го решат проблемот со загадувањето на воздухот.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ