Протечената солна киселина во „Макохемија“ ги раскара градскиот и државниот инспекторат

Наместо разрешница со хаваријaта во „Макохемија“ каде што се излеа солна киселина градскиот и државниот инспекторат влегоа во војна.

Откако градските инспектори први влегоа кај цистерната и констатираа истекување денеска стаса одговор од животна средина.

Во округот на „Макохемија“ не се излеала солна киселина.

Ц50-тонската цистерна била во бетонски резервоар, тврди Тачи нарекувајќи ги лажни тврдењата на неговите колеги дека хемискиот погон „Макохемија“ не поседувал елаборат за заштита на животна средина.

Првите сведоштва на испарување, миризба и печење на очите ги доживеал советникот од Гази Баба кој одговорил на повиците од граѓани кои пријавиле. Сведоци биле и полицајците кои ги придружувале инспекторите на градот. Скопскиот градоначалник отиде најдалеку и најави дека градот ќе поднесе кривична пријава против фирмата.

„При вонредниот инспекциски надзор од страна на овластениот инспектор за животна средина побарано е од правниот субјект да достави елаборат за заштита на животната средина, но беше констатирано дека правниот субјект не поседува елаборат за што е направен записник за понатамошно постапување“ – соопштија од инспекторатот на град Скопје.

Архивските податоци се дека „Макохемија“ А.Д. Скопје во 2004-тата добила решение за дејност со хемикалии од минситерството за здравство.

Оттаму нема одговор дали надлежните инспектори ги контролирале хемикалиите од кои деценија и половина се произведувале детергенти за домаќинство на само педесетина метри од првите станбени згради во населбата Маџари во Скопје.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ