Пронајдено возилото со кое избегале ограбувачите на НЛБ банката

Полицијата го пронајде возилото со кое избегале лицата кои ја ограбија утринава НЛБ банката, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопската населба Чаир, при што била одземена засега непозната сума пари. Станува збор за автомобил голф кој бил пронајден во близина на реката Серава, веднаш до пругата,  а полициски екипи вршат вештачење на возилото.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат, при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повредено едно лице, 26-годишниот Е.Е, кој е вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

 

 

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ