Промовирана монографијата „Борко Лазески 1917-1993“

Со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“ во Македонската академија на науките и уметностите, Националната галерија на Македонија го почнува одбележувањето на 70-годишнината од нејзиното основање.

Ова одбележување се надоврзува со јубилејот 100 години од раѓањето на најпознатиот македонски монументалист, академски сликар, продолжувач на традицијата на фрескосликарството и втемелувач на витражот Борко Лазески. На 15-ти месецов ќе биде отворена изложба на негови дела во галеријата Даут-пашин амам.

-Борко Лазески  влегува во редот би рекол на великаните на македонската модерна современа уметност и сликарство и мислам дека тој атрибут го заслужува поради повеќе причини. Борко Лазески креираше монументални колосални мурали во Република Македонија. Второ без сомнение тој е пионер и втемелувач на витражната уметност на витражната уметност на овие простори, изјави акад. Таки Фити, претседател на МАНУ.

-Промоциите односно чествувањата како што е ова 100 години од раѓањето на Борко Лазески се прилика не само да се потсетиме на нечие творештво туку пред се да го исчитаме повторно творештвото на уметникот чиј јубилеј се чествува, изјави проф. д-р Небојше Вилиќ.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ