Промовирана книгата „Миграции и безбедност“ од д-р Златко Николовски

„Миграции и безбедност“ е насловот на новата книга од д-р Златко Николоски  кој долго време научно ја следи проблематиката на миграциите, безбедноста и потенцијалот на дијаспората. Во најновиот научен придонес на Николовски се опфатени голем број податоци на темата миграции, безбедност и влијанието на миграциите врз безбедноста на државите.  Главна насока на истражувањето  и анализите во оваа книга се опишување и согледување на одредени состојби  и тенденции за креирање валидни процени  за влијанието на миграциските движења  врз безбедноста на државата, но и констатирање и соочување со контраиндикациите и анализа и проценка на постојните капацитети за безбедно менаџирање  на миграциските процеси, вели  Златко Николоски кој е во едно и автор на книгите „Македонска дијаспора – клуч за развојот на Република Македонија“ -2013  и „Миграции – контраиндикации и причина за позитивни ефекти“ – 2010 како и на 30 трудови од областа на миграциите и безбедноста.

Моето професионално и долги години научно искуство едноставно ми дозволи да ги соберам сите тие сознанија на едно место и да ги ставам што се вика на хартија се со цел тоа искуство кое едноставно 30 години го собирам во Министерството за внатрешни работи од кое 26 години исклучиво во миграциските служби во МВР. Со пишувањето на оваа книга оставам можност на младите генерации кои се занимаваат со проблематиката на миграции и безбедност да можат да прочитаат нешто повеќе, истакна Николоски на промоцијата на своето најново дело „Миграции и безбедност“.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Уметниците и работниците од независната културна сцена бараат од Владата да формира Специјален фонд за субвенции поради кризата со корона вирусот

Кризата со корона вирусот сериозно ја загрозува егзистенцијата на уметниците и културните работници од независната...