Производителите на ориз си ги бараат парите од предадениот род

Оризопроизводителите од кочанскиот регион излегоа на предупредувачки протест во селото Облешево. Паркирајќи ја земјоделската механизација на едната коловозна лента магистралниот пат Штип-Кочани си ги побраа ветените пет денари за килограм ориз. Тврдат дека од страна на ресорното министерство им било ветено дека оваа интервентна субвенции, поради лошата откупна цена требало да биде исплатена во мај

Оризопроизводителот Бранко Манчев ја чека ветената субвенција, за да инвестира во производството на ориз. Поради ланската лоша откупна цена ретко кој производител вложил во похранување на оризот, а како што велат немаат ниту за егзистенција

Ресорниот министер Трајан Димевски денеска на оризопроизводителите им порача дека интервентната субвенција од пет денари ќе ја добијат по ребалнасот на буџетот, а пред десет дена кога имале средба побрал од нив и да имаат трпение.  

Но, оризопроизводителите коишто денеска протестираа порачаа дека доколку во рок од пет дена не им се исплати интервентната субвенција ќе ги радикализираат протестите.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Економија

Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба...