Програма за финансирање енергетска ефикасност

Преку програмата за поддршка на зелената економија ГЕФФ , Европската Банка за обнова и развој ќе ги финансира домаќинствата со цел зголемување на нивната енергетска ефикасност, намалување на емисиите на гасови и подобрување на животниот стандард. Станува збор за кредитна линија од 8 милиони евра со кои се планира да бидат опфатени 2500 домови  за разлика од моменталните 10 % од домаќинствата кои имаат имплементирано слични мерки за енергетска ефикансот .Определбата на Владата е со енергетска ефикасност потрошувачката на струја да се намали за 14 %.

„ЕБОР ја поддржува Македонија за да ги зајакне законите, политиките и стандардите, да создаде пазар за енергетска ефикасност во приватните и јавни објекти. Веруваме дека ова финансирање ќе произведе поголеми заштеди  на енергија, чиста животна средина, значително подобрување на квалитетот на живот со пониски сметки и поголем комфор“, кажа Ана Јоана Јонеску од ЕБРД.

„Загадувањето на воздухот во македонските градови многу не притиска, нешто мора да се стори, а ова е извонредна активност за тоа. Ние разбираме дека куповната моќ на граѓаните не е толку висока за да можат сите да ги заменат прозорците. Мора да се воспостават програми за помош за да се направи тоа што ние во Европа одамна го направивме“, кажа Никола Бертолини од делегацијата на ЕУ.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ