Прогласена епидемија на морбили во целата земја

Околу 1.000 заболени од вирусот на морбили во повеќе градови во земјава го вклучи црвениот аларм кај надлежните. Прогласена е епидемија на во целата земја, и сите деца кои не се вакцинирани ќе им се забрани одење во градинка. Освен овие мерка се намалува и старосната граница за вакцинирање на децата од 12 на 6 месеци. Нема дополнителни мерки за основците и средношколците, но, ќе можат  да се вакцинираат oние кои не ја примиле вакцината за мали сипаници.

Најголем број од заболените ни се деца на возраст под 5 години, претшколска возраст, па заоа сите мерки ни се насочени кон оваа група, вели Владимир Миќиќ од Институтот за јавно здравје.

По прогласувањето на епидемијата Клиниката за гинекологија информираше дека во изминативе 3 месеци имале случаи на три бремени жени заболени од мобили. Сите завршиле со прекин на бременост.  За повозрасната популација, Институтот за јавно и здравје денеска соопшти дека ја зголеми старосната граница за вакцинирање.

Дополнително бидејќи имаме и заболени повозрасни лица кои по редовниот календар не подлежат на вакцинација, така што секое лице над 14 години ќе може да се вакцинира во Центрите за јавно здравје , на возраст од 14 до 60 години, додава Миќиќ. 

Заразата се шири и во оседството. Во Бугарија има околу 100 нови случаи на заразени и предупредување семејствата со мали деца да не ја посетуваат Македонија. Кај нас нема предвидено такви мерки.

Во моментов на инфективната клиника се хоспитализирани 55 пациенти,  од кои 26 деца. Во потешка здравствена состојба се 7 од заразените.  Светската здравствена организација предупреди дека бројот на случаи на сипаници ширум светот речиси четири пати се зголемил во текот на првите три месеци од годинава во споредба со лани.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ