Продолжуваат разговорите за состав на нова Влада на чело со Јанша

Советот на Партијата на модерниот центар (СМЦ) одлучи да ги продолжи разговорите за формирање нова словенечка Влада на чие чело би бил Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Раководството на партијата не донесе одлука веднаш да се направи коалиција со Словенечката демократска партија на Јанша, но даде „зелено светло” да продолжат обидите за формирање на ново парламентарно мнозинство заедно со СДС и други две помали партии.

Разговорите за коалиција со СДС беше причина за неколку оставки во раководството на СМЦ, а со писмо се огласи и министерот за надворешни работи Миро Церар кој практично е основач на партијата, во кое напиша дека тој нема никогаш да се согласи да биде во коалиција со партијата на Јанша, бидејќи делувањето на таа партија спротивно со неговите идеи за тоа каде треба да се движи Словенија.

Претседателот на СМЦ Здравко Почивалшек на социјалните мрежи пак напиша дека тој не е виновен за политичката криза во државата.

Тие кои со својата оставка ја ставија државата во „лер”, управувањето на автомобилот, да се изразам со нивниот речник, сега го препуштаат на друг, напиша Почивалшек.

Партиите имаат рок до 24 февруари да се договорат за можна коалиција, бидеќи тогаш почнуваат консултациите кај претседателот Борут Пахор, кој треба до 27 овој месец да донесе одлука дали ќе се оди на избори или ќе се определи нов мандатар за состав на Влада.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ