Продолжува триумфалната низа на кошаркарите

Македонската кошаркарска селекција до 18 години ја совлада Словачка со 83:58 и ја продолжи триумфалната низа на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Романија.

Со оваа победа избраниците на селекторот Тони Симиќ го потврдија првото место во групата, а низата на успешни резултати може да ја продолжат и во последното коло против Данска и во четврт-финалето да влезат со максимален учинок.

Клучен дел од мечот беше вториот период во кој дефинитивно го скршивме отпорот на Словаците и на полувреме заминавме со водство од 42:30.

Во продолжението од натпреварот повторно игравме во голем стил и во пресрет на завршната четвртина имавме сигурна предност од 64:42.

Во завршните десет минути нашите кошаркари го одржуваа водството и на крајот стигнавме до убедлив триумф од 83:58.

На теренот во текот на мечот се појавија сите играчи и од 12 колку што се во записникот во листата на стрелците се запишаа 11.

Најефикасни со по 10 поени беа Дарио Митевски и Андреј Јакимовски, кој додаде 10 скока и пет асистенции.

Во последното кое е на програмата утре македонската репрезентација игра против Данска, а почетокот е закажан за 19 часот и 45 минути.

Во останатите два натпревари од денешното четврто коло Грузија ја совлада Украина со 85:73, а Република Ирска славеше над Данска со 81:60.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ