Продолжува со работа Комисија за уставни прашања

Денеска попладне продолжува работата на Комисијата на Собранието на Македонија за уставни прашања по предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Седницата на комисијата почна во средата. Расправата, согласно член 196 од деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. Член на комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути. Според информациите на Телма за дискусија се пријавени пет говорници.

Премиерот Зоран Заев вчера повторно апелираше да се надминат партиските и политичките предрасуди и да се внимава на иднината на државата.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ