Продолжен рокот на дозволите за престој на странци до 31 август

Им се продолжува периодот за престој до 31 август оваа година на странците во земјава на кои за време на вонредната состојба им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој, информираат од МВР.  Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението. Донесена е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година.

Од МВР притоа им укажуваат на странците дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај и поради тоа да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ