Продолжен притворот за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Продолжен притворот на 23 и 26 годишните насилници, кои во јануари брутално тепаа 20 годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон. Притворот им е продолжен за 30 дена, информираше портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова.

Предметот е веќе распределен кај судија, којшто во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште. Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се додека судот не донесе пресуда за двајцата насилници, кои во јануари се снимале како тепаат 20 годишна девојка.

Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „Насилство“, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ