Приведени осомничени за пукањето во х.Александар Палас

Во полициската станица Карпош приведени се на распит двајца од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас. Други двајца од оштетените утрово биле на распит, дознава Телма. Неофицијално дознаваме дека приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив. Се уште се трага по напаѓачите кои биле маскирани.

Во саботата, околу полноќ три лица пукале во лица кои седеле во хотелот Александар Палас, при што интервенирал полициски службеник, пукајќи кон нив, а кој во тоа време не бил на должност. Во инцидентот немаше повредени.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ