Приведен градоначалникот на Ново Село поради шверц со цигари

Дење градоначалник-ноќе шверцер. Првиот човек на пограничната струмичка општина Ново Село, Боро Стојчев, синоќа е приведен со потесното семејство додека со две возила превезувале близу 1.600 штеки цигари. Според полицијата, возилото со речиси 1.600 штеки го возел лично градоначалникот.

Инцидентот се случувал далеку од очите на јавноста. Во селото Бадиле каде по последниот попис од 2002 година имало само тројца жители.

Во Ново Село утрово беше тивко. Дел од граѓаните неинформирани, некои во неверување. Но имаше и такви кои побараа законите да важат за сите.

Приведените се задржани во полициска станица. Засега нема одлука за притвор.

Осомничениот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев на функцијата е нецела година. Дојде од приватниот сектор и ветуваше запирање на миграцијата и подобра економија за општината.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ