Приказната со ОТА да се стопира, експертите бараат реформите на прислушувањето да се вратат наназад

Вратете ги чекор назад реформите за следење на комуникации, повторно да се бира модел за да се спречат можни злоупотреби и во работата да има и транспарентност и добри решенија, наместо сегашниот предлог за формирање на посебната Оперативно-техничка агенција ОТА, неколку експерти денеска изразија несогласување со сегашните предлози на власта.

Иако во првичната најава за дебатата стоеше и името на министерот, Спасовски не дојде, а МВР го претставуваше експертката Димановска која убедуваше дека сите реформи се според Прибе и дека во предлог-законите се прифатени и забелешките на експертите и невладините.

Професорите сметаат дека актуелната власт премногу смета дека граѓаните треба слепо да и веруваат дека контролата ќе спречи злоупотреба на прислушувањето.

Реформите на прислушувањето се содржани во 5 закони, еден од нив Законот за следење на комуникации целосно е преправен, Законот за ОТА е нов, а има промени во уште три закони. Се воведува поголем собраниски надзор, цивилна граѓанска контрола, како и контрола на прислушувањето од Народен правобранител. Експертите сметаат дека она што е на хартија лесно може да не се примени во пракса.

Миомир Серафиновиќ

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ