Превртен автобус на автопатот Тетово-Скопје, има и жртви

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци денеска околу 17 часот, но од МВР се уште нема официјални информации за евентуални жртви и повредени.

На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата.

Во недостаток на официјални информации, Телевизја Алсат М јавува дека има три жртви и повеќе од 20 повредени.

Репортерите на Телма се на терен- наскоро повеќе информации.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ