Превенција и рана детекција е клучно во спречувањето на насилството меѓу учениците


Четвртоодделенец од основно училиште во центарот на Скопје се јави на СОС линијата на детската амбасада „Меѓаши“ за да пријави дека двајца негови соученици се степале но и за да праша што треба да направи и дали е во ред што пријавува.

По двата инциденти со ученици од основното училиште „Кочо Рацин се поставува прашањето дали постои ефективен систем за превенција на насилството и раната детекција и колку соработуваат надлежните меѓусебе и со невладините и дали родителите и наставниците се доволно едуцирани и обучени да се справат со бесот на децата.

Во Македонија има Национална стратегија за заштита на децата и Протокол за превенција на злоупотреба и занемарување на детето во чие изготвување учествуваа надлежните министерства и невладиниот сектор но на терен не функционира доволно добро.

Кога станува збор за било каков вид на насислтво меѓу учениците потребно е да се работи со сите инволвирани деца, смета Черепналкова.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ