Претставката на Панчевски за Јанева е пред советот на јавни обвинители

Ниту информација ниту изјава  добија новинарите кои чекаа надвор да заврши седницата на  советот на јавните обвинители на чиј дневен ред беше и претставката на експретседателот на кривичен,Владимир Панчевски против обивнителките од СЈО Катица Јанев и Ленче Ристовска.

Повод за претставката беше претресот во неговиот дом во октомври 2017 за што тој  имаше забелешки дека СЈО влегле со незаконски налог издаден од гевгелискиот суд и дека истражител му го украл клучот.

За овој случај за кој медиумите известуваа претседателот на Советот на јавните обвинители Коле Штериев процени дека не треба да ја извести јавноста.

Во разговор за Телма наведе неколку причини мегу кои и дека сите претставки треба да имаат ист третман а не само да се потенцираат одредени.

На новата веб страна на советот на јавните обвинители седниците се најавуваат без дневниот ред, за што од советот денеска тврдеа дека во иднина тоа ќе се смени но и кога ќе дојдат медиумите, не им е дозволено да присуствуваат и да ги следат дискусиите на седниците па единствената официјална информација за тоа што е одлучено се добива од изјавата на претседателот на Советот, што пак зависи од  неговата проценка.

Претходно за оваа претставка постапувала работна група која на седница на 10 октомври минатата година ги запознала членовите на советот со своите заклучоци, може да се види од објавените записници.

Пред една година обвинителството ги отфрли Кривичните пријави на Панчевски против обвинителките од СЈО но и против  вработени во МВР. Предистражната постапка на СЈО поради кој правеа пред година и половина претрес во домот на екс претседателот на Кривичен се уште трае, потврдуваат од СЈО.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ