Премиерот ќе ги контролира реформите во правосудството

Премиерот Зоран Заве ќе контролира како ќе се спроведуваат правосудните реформи. Вака одлучила владата на синоќешната седница на која е донесено одлука да се формира ново тело за контрола. Освен што се знае кој ќе раководи, од Владата за сега не откриваат кој се ќе членува во него. Тоа што премиерот во исто време е и прв човек за ревизија го правдаат со значењето на реформите во правосудниот систем.

Од Владата и се заблагодарија на претходната група експерти кои ги осмислија реформите и велат дека нивната работа тука завршила. Министерот за правда Билен Салији за Телма вели дека сепак експертите и понатаму ќе работат на реформите и се поделени во работни групи. Калајџиев пак кој беше дел од ова а кој јавно критикуваше дека власта сама си ги креира реформите и понатаму се сомнева во нивниот квалитет и покрај тоа што учествуваше во нив.

За експертите актуелната власт премногу го употребува зборот реформи во обид да убеди дека има промени. Но го критикуваат концентрирањето на моќта само во еден човек.

Инаку правосудните реформи Власта ги спорведува по препорака на експертскиот тим на Прибе, а се дел од планот 3 6 9. Според владата спроведувањето на реформите е последен дел од овој план. Но претходно начинот на кој беа креирани беше предмет за критика токму од експертите и невладините вклучени во овој процес, од тоа на кој начин биле избрани за да учествуваат во нив до тоа дека се чувствуваат како декор на власта. Сега од владата велат дека целиот процес на избор на новото тело и неговата работа ќе биде транспарентен.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ