Прекршена е презумпција на невиност со новите истраги на СЈО, тврди адвокатката на Груевски која се чуди одкаде Јанева знае кога екс премиерот ќе оди во затвор

Адвокатката на екс премиерот Никола Груевски, Сања Алексиќ во изјава за Телма тврди дека со вчерашните изјави на специјалната обвинителка Јанева е прекршена презумпцијата на невиност на осомничените во 6 нови истраги на СЈО.

Алексиќ прави паралела со соопштенијата на Јавното обвинителство, кое објавува само број на осомничени и дело за кое се товарат.

Адвокатката Алексиќ се чуди и на информацијата која ја пласираше Јанева дека Груевски за 20-тина ќе оди во затвор, затоа што досега адвокатитет и осудениот во случајот Тенк не добиле никакво решение од надлежните судски инстанци.

Повеќе во видеото.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ