Предавачите во Академијата за судии и јавни обвинители против познавањето на странски јазик

Предавачите во Академијата за судии и јавни обвинители сметаат дека познавањето на странски јазик како услов за предавач треба да се укине бидејќи поради тоа се губел добар кадар кој поради тоа не можел да биде ангажиран. Ова се дел од препораките од анкетата спроведена во Академијата рамките на проектот за „ Заедничка акција за итни реформи во судството“.

На ова мора да се додаде и скандалот со фалсификуваните дипломи кои кандидатите ги поднесувале при приемот а кои се однесувале токму во делот со познавањето на странскиот јазик.

Интересен е и податокот кој произлегува од анкетата а тоа е дека 65 отсто од кандитадите во Академијата немаат никакви познавања од поглавјата 23 и 24, кои обично први се отвараат во преговорите за членство во ЕУ а се однесуваат на правосудството, фундаменталните права, правдата, слободата иу безбедноста.

Во мониторинг извештајот за реформи во судството е нотирано и дека не се превземаат никакви конкретни чекори околу целосно расветлување на злоупотребите со АКМИС системот.

Исто така се забележува и на зголемениот број на нерешени судски предмети стари од 3 до 10 години кои најмногу ги има во скопскиот Кривичен суд.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ