Правда ќе бара преиспитување на одлуката за азилот на Груевски од Унгарија

Прашањето дали Груевски може да биде вратен во МАкедонија, надлежната министерка за правда Рената Десковска, го одговори со тврдење дека државата ќе побара преиспитување на одлуката на унгарските власти да го вдомат бегалецот.

Ако Унгарија го одбие ова барање, по три години според законот и тие самите се обвразни да направат преиспитување на одлуката. Но, ако Груевски добие патни унгарски документи тогаш сите напори за негово враќање се отежнуваат. Ова е ставот и на унгарскиот министер за правда соопштен за тамошната телевизија „Ехо“.

„Ако некој добие статус на бегалец, тогаш добива т.н. бегалски сертификат, може да добие патни исправи, па тогаш може слободно да се движи. Секој кој добил статус на бегалец, според меѓународните регулативи на ЕУ, има право на слободно движење,“ Лазло Трошани министер за правда на Унгарија.

Сепак, според унгарскиот министер за правда сигурно биле добро истражени заканите по живот   за Груевски наведении во неговото интервју пред надлежните.

Да бидам искрен, кога поранешниот премиер е испратен во затвор, неговата ситуација не е лесна. Не го прочитав образложението на одлуката, но според мое мислење треба да ги разгледаме заканите и кредибилитетот на заканите. Ако тие се веродостојни, се разбира, лицето ќе добие статус на бегалец. Друго прашање е што Македонците ќе протестираат и бараат екстрадиција – но законот вели дека не можеме да екстрадираме некого во земја со веродостојни закани, изјави унгарскиот министер за правда за Ласло Трочајни.

Во трката за Груевски, екстрадицијата на Десковска стаса во Унгарија со неколку часа задоцнување зад одлуката на унгарците да му одобрат азил. Таа во барањето на стотици страни ги навела сите процеси кои се водат против него, а тој пред унгарските власти на 30 страници ставот дека владата и специјалното обвинителство водат политички прогон против него.Десковска е уверена дека не доцни. Овој пат за разлика од барањето за бегалското агентско дуо Никола Бошковски и Горан Грујовски до Грција, министерството не ја заборавила дадената, па повлечна аболиција од претседателот, основ поради поради која грчкиот врховен суд ја одби екстрадицијата за нив.

Унагарските медиуми денеска пишуваат дека опозицијата во собранието побарало објаснување од унгарскиот министер за внатрешни како Груевски стасал во Будимпешта, па се до критика дека одлуакта за азил е погрешна затоа што Груевски не се гони политички туку за корупција во матичната земја. Од матичната земја,пак, веалт дека сеуште се трага по рутата, помагачите и одговорноста за неговото бегство.

Се огласи и европската комисија која вели дека не се потпира на објавата на Груевски на социјалните мрежи дека добил азил. Ќе ги почекаат официјалните власти, бидејќи ставот на Брисел е дека процесот не треба да се политизира ,се вели во нивното соопштение. Груевски на 9 ноември требаше да се јави во затворот Шутка откако ги исцрпи жалбите по пресудата за   затворската казна од две години за набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

Павле Беловски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ