Пратениците бараат банките да ги ограничат трошоците за сите кредити

Пратениците од власта и опозицијата на иста бранова должина – се согласија да им дадат поддршка на законските измени за заштита на потрошувачите кога склучуваат договори за брзи потрошувачки кредити од 200 евра. Меѓутоа, од Министерството за финансии и од Владата бараат да се зголеми опсегот и ова да важи не само за малите заеми, туку за сите банкарски кредити, и за станбените, и за деловните. Само така, велат, банките кои остваруваат екстремно високи профити ќе престанат да ги „дерат“ граѓаните со високи камати, затезни камати, провизии и надоместоци, па дури и казни за предвремено враќање на заемот.

Пратеникот Ибраимовски бара износот на заемите што ќе бидат опфатени со законот да се зголеми од 200 на 75 илјади евра.

  • Ќе барам овој износ да се зголеми од 200 евра на 75 илјади евра. Ова треба да се оденсува и на станбените кредити и на кредитиоте за стопанството, банките сега работат како лихвари, го намалуваат богатството на граѓаните без тие да се светсни“, вели Самка Ибраимовски од Коалицијата на СДСМ.

Со законот се предвидува годишната стапка на вкупни трошоци да може да биде најмногу пет пати повисока од стапката на законската казнена камата утврдена согласно Законот за облигационите односи. Пратеникот Минов смета дека оваа разлика треба да се намали на три пати, со закон да се намали затезната камата, а граѓаните во договорот за кредитот точно да знаат за што и плаќаат на банката.

  • На граѓанинот точно да му биде одредено во договорот колку ќе плаќа за камата, а колку за провизии и надоместоци, и точно да знае за што му се годишните трошоци“, вели Панчо Минов, ГРОМ.
  • Дискрепанцата меѓу каматата на депозитите и камата на кредитите е огромна, еве гледаме дека некои банки веќе за дел од депозитите не ни плаќаат камата. Тие остваруваат екстремно високи профити, што не е лошо, но да не биде на товар на граѓаните“, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Тевдовски објасни дека законот се носи со цел да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити, со што корисниците нема да плаќаат прекумерни давачки и ќе се минимизира ризикот од влошување на нивната финансиска состојба.

  • Голем број граѓани имаат потешкотии со отплатата на потрошувачките кредити и се принудени да земат нов кредит за да го затворат стариот“, вели Драган Тевдовски, министер за финансии, рече министерот Тевдовски.

До второто читање пратениците ќе поднесат амандмани на законот во кои ќе бидат вградени овие нивни барања и забелешки. За девет месеци од минатата гопдина македонските банки оствариле добивка од 124 милиони евра, што е зголемување за 70 отсто во однос на истиот период минатата година.

Нина Нинеска Фиданоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ