Пратеничката Фросина Ременски нема да си поднесе оставка

Потпретседателката на Собранието, пратеничката Фросина Ременски нема намера да поднесе оставка од функциите сѐ додека не се докаже нејзината вина во случајот “Рекет”.

Се повикува на презумпција на невиност, но и на однесувањето на други пратеници против кои се водат судски постапки, а се уште се во пратеничките клупи.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, денеска побараа Ременски да се повлече од собраниските функцции, за да овозможи истрагата да се одвива без никакви влијанија.

Во меѓувреме, најверојатно ќе биде замрзната само нејзината партиска функција-член на Извршен одбор на СДСМ.

Тоа вчера го најави и премиерот, а Ременски вели дека не му се лути, затоа што тоа е согласно партискиот етички кодекс, кој го потпишала и ќе го почитува.

Но,вели дека новинарите погрешно ја протолкувале таа негова изјава и дека тоа значи замрзнување на сите партиски функции, за да се даде период, да се подготви одбрана и да не се дава политичка конотација на случајот. Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, пак, изјави дека и  внатрепартиските постапки ќе почекаат.

На Ременски не може да и ` биде одземен ниту пратеничкиот имунитет, доколку судот не побара притвор. За одземањето треба да гласаат две третини од пратениците.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ