Познати термините на ракометната репрезентација

Европската ракометна федерација ги утврди термините за одигрување на завршните натпревари во квалификациите за настап на континенталното првенство.

Новиот селектор на на ракометната репрезентација Данило Брестовац ќе дебитира на 10 април во соочувањето против Исланд, а почетокот на дуелот во Рејкјавик е закажан за 20 часот и 45 минути. Четири дена подоцна Исланѓаните доаѓаат во Скопје, а натпреварот што се игра во арената Борис Трајковски стартува од 20 часот.

Во последниот круг на 12 јуни и гостуваме на Турција. Средбата ќе се игра во Ескишехир додека во последниот настап во групата во Скопје гостува Грција, а мечот во Борис Трајковски на програмата е на 16 јуни и почнува во 18 часот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ