Познати финалистите за најдобри ракометари во 2018

Европската ракометна федерација ги објави имињата на кандидатите кои влегоа во потесниот круг за признанието најдобар во 2018 година. Кај мажите меѓу петте најдобри се Норвежанецот, Сандер Сагосен, Јим Готфридсон од Шведска, голманот на Француската репрезентација, Венсан Жерар и Данците, Микел Хансен и Расмус Лауге Шмит.

Во женска конкуренција за престижното признание ќе се борат Французинките, Амандин Лејно и Естел Нзе Минко, Стиде Офтедал од Норвешка, Романката Кристина Неагу и Ана Вјахирева од Романија.Гласањето ќе трае до 15 следнмиот месец по што ќе бидат прогласени најдобрите за минатата година.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ