Познати финалистите за најдобар атлетичар во 2018

Светската атлетска федерација ги објави имињата на натпреварувачите кои се во конкуренција за наградата што му се доделува на најдобриот во годинава што изминува.

Меѓу петте финалисти што влегоа во најтесниот избор се американскиот спринтер Кристијан Колман, кој оваа година триумфираше на Светското првенство во сала и беше најдобар во Дијамантската лига. Шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис, кенискиот маратонец Елиуд Кипчоге, кој годинава го постигна најдобриот резултат на сите времиња, светскиот рекордер во десетобој Кевин Мејер од Франција и Абдеррахман Самба од Катар, кој оваа година не знаеше за пораз во трките на 400 метри со пречки.

Кај дамите во финалниот круг се пласираа британската спринтерка Дина Ашер Смит (европска шампионка на 100, 200 и 4Х100 метри), Кенијката, Беатрис Чепкоеч (светска рекордерка на 3000 метри со пречки), Катерина Ибаргуен од Колумбија која се натпреварува во трискок, спринтерката од Бахамите, Шона Милер Уибо и белгиската седмобојка Нафисату Тиам.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ