Познат составот на Вардар за дуелот со Мотор

Вечерва од 17 часот и 30 минути во салата на СЦ Јане Сандански, ракометарите на Вардар го играат дуелот од 12 коло во Лигата на шампионите. Противник е Мотор, а по сите проблеми со составувањето на тимот, бранителот на трофејот атакува на нов триумф со кој ќе се направи крупен чекор кон пласманот во следната фаза.

По заминувањето на Павел Атман и Даинис Кристопанс пред домашната публика ќе дебитира Бразилецот, Жозе Гиљерме де Толедо, а во составот се враќа еден од најталентираните голмани кај нас Марко Кизиќ.

Мечот почнува во 17 часот и 30 минути, а правдата ќе ја делата литванските судии Валдас Мазејка и Миндаугас Гателис.

 

ВАРДАР:

  1. Стојанче Стоилов
  2. Дејан Кукуловски
  3. Димитар Димитриоски
  4. Мартин Карапалевски
  5. Домен Сикошек Пелко
  6. Сташ Скубе
  7. Глеб Калараш
  8. Калифа Гедбане
  9. Иван Чупиќ
  10. Жозе Гиљерме Де Толедо
  11. Тимур Дибиров
  12. Сергеј Горбок
  13. Данил Шишкарев
  14. Сергеј Горопишин
  15. Марко Кизиќ
  16. Васил Гогов

 

Тренер: Стевче Алушоски

 

МОТОР:

  1. Стеван Вујовиќ
  2. Јуриј Кубатко
  3. Максим Бабичев
  4. Аиденас Маласинкас
  5. Бариш Пуховски
  6. Захар Денисов
  7. Михајло Будко
  8. Дмитриј Дорошчук
  9. Едуард Кравченко
  10. Артем Козакевич
  11. Павло Гурковски
  12. Александар Касаи
  13. Матеуш Кус
  14. Генадиј Комок
  15. Алексеј Ганчев
  16. Владислав Паровинхак
Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ