Пожарникарите за Нотр Дам: големиот оган е под контрола, Макрон вети дека ќе биде обновена катедралата

Пожарникарските служби изјавуваат дека пожарот нема да ја уништи целата катедрала Нотр Дам и структурата ќе биде спасена.

Еден пожарникар е повреден во акцијата, но со оглед на комплицираноста на ситуацијата успех е тоа што веќе се совладани највисоките пламени јазици.

Ја нема сликата на силниот оган, верниците околу катедралата се молат во последната недела пред Велигден.

Францускиот претседател Макрон даде ветување дека катедралата ќе биде обновена и дека “најлошото помина”.

Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз.

Според првичните информации пожарот, кој започна во поткровјето, не бил подметнат.

Во гасненењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз се вклучени повеќе од 400 пожарникари и возила.

“Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне” информираат од противпожарната служба во Париз.

Пожарот извувна во 18.30 часот и по кратко време целосно ја проголта високата купола.

Нотр Дам во Параз е споменик на културата кој датира од 12 век. Го посетуваат од 30 до 50.000 луѓе на ден. Светските лидери Меркел, Трамп и меѓународната заедница искажаа загриженост и сочувство за големата загуба.

Атмосферата е траорна меѓу верниците бидејќи пожарот се случува во деновите на пост пред најголемиот христијански празник Велигден.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ