Пожар во трафостаницата во с. Сушица ги остави без електрична енергија општините Ново Село и Босилово

Општините Босилово и Ново Село се без напојување со електрична енергија поради огромен дефект на трафостаницата 110/10 KV кај населеното место Сушица. Попладнево на трафостаницата избил пожар од засега непознати причини.

Екипи на ЕВН и МЕПСО се на терен и работат на решавање на проблемот, но засега не се знае кога ќе биде отстрaнет дефектот. Направена е и голема штета на самата трафостаница.

Градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков на социјалните мрежи објави дека разговарал со директорот на ЕВН КЕЦ Струмица, кој го информирал дека се прават напори да се обезбеди снабдување со екелктрична енергија од друга трафостаница.

После разговорот со диреторот на ЕВН КЕЦ Струмица, имам информации дека иако се прават напори да се преземе електрична енергија од друго место – Струмица, тоа може да потрае, бидејки во моментот се санира штетата и се чекаат екипи од МЕПСО. Се надевам дека дел од населените места до вечер ке добијат е.енергија, додека останатите да се припремат оваа вечер да ја поминат подготвени без струја, се додека не се воспостави потребната врска. Ве молам за разбирање, напиша тој.

Повеќе информации во текот на ноќта и утре.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ