(Видео) Пожар на „Рузвелтова“, евакуирани станарите од 6-тиот кат

Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Се уште не е утврдена причината за пожарот кој избувнал во кујната од станот вели Симоновски.

Тој додаде дека дојавата за пожарот ја добиле во 13.30 часот по што интервенирале со 5 противпожарни возила и 15 пожарникари. Пожарот бил целосно изгаснат во 14 часот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ