ПОВОЛНА ЖДРЕПКА ЗА ЃОКОВИЌ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Поволна ждрепка имаше  Новак Ѓоковиќ за традиционално  првиот Грен слем  турнир од сезоната.Српскиот тенисер  од врвот на АТП листата во Мелбурн ќе атакува на седмиот наслов а во првото коло за ривал ќе има квалификант откако ќе завршат трите круга квалификации.Според ждрепката,Ѓоковиќ ќе може да има средба со Федерер или Надал дури во финалето,ако претходно нема изненадувања.Роџер Федерер кој како трет носител го брани наслов на Австралија Опен стартува со Денис Истомин.Вториот фаворит Рафаел Надал почнува со 238 на ранг листата,домашниот тенисер Џејмс Дакворт  кој доби вајлд карта.Отвореното тениско првенство на Австралија стартува на 14 јануари.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ