Повисоки надоместоци и додатоци бараат граѓанските здруженија во новиот закон за социјална помош

Добар закон кој ќе ја подобри состојбата во општеството на неколку категории на граѓани како хендикепираните, социјалните случаи и лицата со попреченост но со недоречености и детали кои треба да се обработат и да се инкорпирираат во него. Граѓанските здруженија денеска ја искористија можноста и ги дадоа своите мислења и ставови околу законот за социјална заштита на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика.

Најголем дел од замерките се однесуваа на додатокот за лицата со хендикеп кој изнесува седум илјади денари.

Овој закон е наменет за граѓаните кои беа статистичка категорија досега и мора да се донесе што побрзо, а надоместокот е прифатлив бидејќи целта е инклузија, сметаат од „Платофрмата против сиромаштија“

Забелешки имаше и околу бенефициите кои ги имаат хендикепираните и инвалидите, но и средствата кои им се доделуваат за ортопедски помагала но и неопходните квалитетни колички.

Присутните на дебатата сметаат дека на неколку категории на граѓани кои се опфатени со законот мора да се зголемат додатоците за мобилност, туѓа нега и здравствено осигурување.

Законот за социјална заштита требаше да биде усвоен до крајот на минатата година но тоа не се случи поради забелешки кои ги имаше ДУИ а се однесуваа на надоместокот за трето дете кој веќе не важи и дефиницијата за семество и домаќинство.Законот ќе се најде пред пртениците во среда а очекувањата се дека многу брзо ќе биде изгласан и усвоен. Сепак, поради ставот на претседателот Иванов, на неговото стапување на сила ќе се причека најрано до јуни.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ