Потврдено: Астори почнал од срцев удар

Италијанските власти по направената обдукција денеска објавија дека причината за смртта на Астори е срцев удар.

Фиорентина и Калјари ги повлекоа од употреба дресовите со број 13 во чест на прерано починатиот Давиде Астори.

Италијанецот почина во неделата наутро во хотел во Удине во пресрет на натпреварот помеѓу Удинезе и неговата Фиорентина. Астори својата кариера ја започна во екипата на Милан, а „росонерите“ во четврток на дуелот против Арсенал ќе носат специјални дресови во негова чест.

Од 2008 до 2016 беше дел од Калјари, една сезона играше во дресот на Рома, а последните две и пол сезони ги мина во виоелетовиот дрес на тимот од Фиренца. УЕФА вчера одлучи на сите натпревари во Лигата на шампиони и Лигата на Европа оваа недела да започнат со минута молчење во чест на 31-годишниот фудбалер.

Погребот на фудбалерот ќе биде извршен утре во Фиренца.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ