Потребна е континуирана конзервација на културното наследство

Самиот процес на конзервација е мултидисциплинарен процес за кој е потребна стратегија и во таа Националната стратегија за култура мора да постои листа на приоритети за реакциите да не бидат задоцнети, смета Лазар Шуманов претседател на  Македонскиот национален комитет на ИКОМОС.

Поважно е да инвестираме во одржување на спомениците на културата, ако редовно ги одржуваме, ако редовно вршиме увиди во состојбата нивна ќе спасиме и нема да ни бидат потребни пари за конзервација, бидејќи одржувањето, односно увидите е конзервација  во континуитет се вели, бидејќи не чини многу пари.

Пролонгирањето на донесување на нов Закон за културно наследство кој се очекува да биде изгласан во Собранието во јуни дополнително ги отежнува работите, смета Шуманов.

На пример сакаме да правиме измени на Законот на културно наследство а ние немаме стратегија. Бидејќи ако немате стратегија како треба да изгледа заштитата на културното наследство тогаш како ќе правите измени без стратегија.

За жал малкумина се свесни, вели Шуманов дека е потребен функционален систем кој ќе размислува за нови кадри за физичка конзервација, бидејќи се помалку млади луѓе се решаваат за оваа професија и во иднина дури и да бидат јасни правните аспекти на една стратегија ќе недостига кадар за оние нешта кои се реализираат на терен.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ