Потешко повредената патничка пренесена во Ниш, останатите пуштени на домашно лекување

Нетампониран пат и лоша сигнализација е причина зошто утрово автобусот кој тргна кон Копаоник се преврте на патот Прокупље – Блаце, тврдат од гевгелиската АМИГО –КОМПАНИ. Дека возачот возел бавно, потврдуваат и роднините на повредените со кои разговараше Телма.

Патничка која пред неколку часа беше хоспитализирана во болницата во Ниш, по направените прегледи е задржана на понатамошно лекување.

Патниците кои во најголем дел се од Радовиш и Кавадарци а беа пуштени на домашно лекување во моментов се сместени во хотел во Прокупље и чекаат да бидат вратени назад во Македонија.

Тие се со полесни повреди и модринки по телото јавува ќерката на еден од патниците кој по телефон и кажал дека патот бил многу лош и дека од поголема несреќа ги спасило тоа што возачот возел со мала брзина.

Според објавените фотографии од сообраќајната несреќа може да се забележи дека  превртениот  автобус го носи логото на туристичката агенција „ Камелија травел “.

Меѓутоа оваа агенција само ја организирала турата.  Од таму додаваат и  дека автобусот бил технички исправен – истото  го потврдија и од АМИГО КОМПАНИ.

МНР на Србија се уште нема испратено нови детали за причините за несреќата во која повредени се 26 патници откако се преврте автобусот на АМИГО КОМПАНИ се превте кај Прокупље.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ