Постигната согласност за продолжување со изградбата на „Северен поток 2“

Европските амбасадори постигнаа согласност за продолжување на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, но со поригорозни правила.

1225 километарскиот гасовод од Уст Луга во Русија, преку Балтичкото море до Греисвалд во Германија беше под закана да биде прекинат иако неговото завршување се очекува на крајот од оваа година. Централно и источно европските држави се противеа на неговата изградба стравувајќи дека ќе ја направи Германија презависна од рускиот гас, што пак може да го стави во опасност и целиот европски енергетски систем.

Приоритет за Брисел беше гасоводот да биде воден исклучиво под европски правила, пред се самата инсталација да не биде во сопственост на доставувачот, во случајот на Газпром, туку на европски компании кои учествуваат во неговата изградба.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ