Постигнат е договор за уставните измени- пратениците се враќаат во собраниската сала

Постигнат е договор и двајцата пратеници од Беса ќе гласаат за уставните измени. Нивните барања најверојатно ќе бидат дел од некои идно законско решение, но не и дел од Уставот.

Неофицијално тие предходно имаа состанокот со премиерот премиерот Заев.

Седницата во собранието на чиј дневен ред се уставните измени започнува во 17 часот.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ се во партиското седиште, бидејќи одбиваат да дадат поддршка за уставните измени.

Постигнат е договор со крилото на Беса на Биљал Касами, информира денеска на прес-конференција во Собранието портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

На прашањето да каже за што конкретно се договориле, Костадинов рече дека подоцна ќе се излезе со заедничко соопштение.

Во врска со тоа дали е обезбедно двотретинско мнозинство за последната фаза од уставните измени Костадинов нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека потребното мнозинство до чинот на гласањето ќе биде обезбедно.

Истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со избегнување на целиот овој процес, вклучувајќи го и избегнувањето на дебата во Собранието за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа всушност го прави најголемото предавство на државните и националните интереси.

-Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет, граѓаните на Македонија ја сакаат земјата во ЕУ и НАТО, враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има.  Продолжуваме со сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните во Македонија. Таа ќе биде членка на ЕУ и НАТО, но секогаш ќе останат запаметени Мицкоски, Груевски, Бачев, Иванов како некои кои ја попречувале иднината и работеле против интеграциите, рече Костадинов.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ