Постигнат договор меѓу СОНК и владата за покачување на платите во образованието

Просветните работници од 1 јануари следната година ќе добијат за 10 посто повиски плати. 

За министерот Адеми ваквиот договор е историски, додека за СОНК станува збор за само едно исполнето барање, бидејќи во текот на овие мачни и тешки преговори се отвориле многу нови прашања.

 “Моето убедување е дека огромниот дел, најголемиот дел од вработените во образованието ова го прифатија и ќе бидат задоволни, меѓутоа тоа задоволство не треба еуфорично да го прифаќаме и тоа задоволство треба да се манифестира во уште поголем притисок од нас како синдикат.  Тоа што во моментов е десет проценти не значи дека и во иднина ќе остане на десет проценти. Тоа значи оние барања кои претходно ги изнесов за дополнителни придонеси секако ќе резултира со повисока плата од десет проценти– изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

До вчера до доцна сме работеле за разгледување на сите параметри и на сите податоци за обезбедување на неопходните средства за ова покачување, за ова историско покачување на платите во дејноста образованието. Најискрено мислам дека вака ќе придонесеме да го вратиме дигнитетот на вработените во дејноста образование – оцени министерот за образование, Арбер Адеми.

За покачувањето на платите на просветните работници ќе бидат издвоени 1, 4 милјарди денари од буџетот дополни министерот Адеми.

СОНК и Владата досега одржаа три состаноци, на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието. На почетотокт на преговорите СОНК бараше покачување за 25 % пропорцинално со процентот за зголемување на минималната плата во последниве години.

Со трите покачувања досега СОНК добива кумулативно 21, 3 проценти зголемување на платите.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ