Поставена скулптура против загадувањето на планетата

Нова скулптура, насловена, Мајка Земја, од уметникот Андреј Митевски, осамна на скверот кај Ким , на Партизанска. Делото е посветено на загадувањето на сите нивоа, како и на се позачестените палења на се и сешто, во последниве недели. Од една страна, скулптурата создадена со бројни центално поставени оџаци, испраќа порака за спас на Скопје како еден од најзагадените градови на светот и Македонија како една од земјите со најмногу диви депонии и ѓубришта и најзагадени реки во Европа. Од друга страна, скулптурата симболично повикува на крик против уништувањето на планетата на сите нивоа. Самата скулптура ја претставува планетата земја, а во средишниот дел е сместена стилизирана маска која има лик на природата, односно мајката земја. Средишната поставеност на маската го симболизира повлекувањето на планената кон нејзината внатрешност. Загадувањето, глобалното затоплување, ефектот на стаклена градина, уништувањето на морињата и окенаните ја уништува планетат. Целата скулптура всушност ја покажува загриженоста за планетата и процесите кои се одвиваат на неа, а маската е симбол на тоа како полека се гаси и затвора во себе, немоќна да го издржи притисокот на 8 милијарди луѓе кои во најголем дел работат во корист на сопствената штета. Таа е дел од проектот „ Собери ѓубре- направи скулптура“,  на Андреј Митевски. Проектот го финансира Фондацијата Отворено општество- Македонија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Сликарот Мице Јанкуловски  доби „ Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело од Меѓународното биенале  на современа уметност во Фиренца

Мултимедијалниот уметник и директор на Галеријата Остен,  Мице Јанкуловски, е добитник на наградата „Лоренцо Ил...