Последно коло во фазата по групи на СП во хокеј

На Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Словачка денеска се комплетира фазата по групи. Во пресрет на последното коло познати се учесници во четвртфиналето, а се знае и кој ја напушта елитната конкуренција.

Во првиот натпревар А групата, Германија направи изненадување во дуелот против Финска совладувајќи ја со 4:2 додека во вториот меч од денешната програма Чешка славеше над Швајцаеија со 5:4. Во остантите два меча од А конкуренцијата Словачка се соочува со Данска, а Шведска игра против Русија.

Во Б групата во моментов во тек е дуелот Норвешка – Летонија додека во вечерниот термин се среќаваат Канада и САД.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ