Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот поскапуваат, а мазутот поевтинува. Од ноќеска на полноќ за еден денар ќе поскапат ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛот и Екстра лесното масло за домаќинство, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98  74, на еуродизелот 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,00 денари за литар.

Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според нов концепт. Нема да пресметува производната цена, туку основа ќе биде цената на суровата нафта на светските берзи, на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои се складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, како и трошоците за маржа.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ