Поскапува лебот и белите печива

Поскапуваат лебот и белите печива и тоа за 2-3 денари.Дел од мелничарите и пекарите,новите цени ги ставиле уште минатата недела а останатите се очекува тоа да го сторат деновиве.Причините за нагорната корекција на цените ги лоцираат во драстично поскапата пченица која мора да се увезува поради катасрофално лошиот род годинава, потоа во поскапите горива,трошоците за плати но и недостигот на работници во оваа индустрија.

  • Од жетвата до денес цената ан пченицата се зголеми за 40%.пекарите кои досега работеле со загуба ја качиле цената на лебот но тоа не е драстично 10-20% во зависност од типот на лебот и пекарата) 0,43-1,10 ( до пред 6-7 месеци лебот се продаваше за 15 ден, вели Горан Малишиќ мелничко-пекарско здружение при Стопанска Комора на Македонија
  • Последниве 20-30 дена се чувствува благо качување на цените на брашното, лебот и белите печива како задоцнета реакција на производителите од берзанските случувања во август и септемрви.Макеоднија со години има убедливо најниски цени на брашното, лебот и печивата во Европа па дури и во светот но не може да остане имуна на светските движења на цените на берзите кои кај нас се одразуваат во многу поблага форма, вели  Тодор Ѓорѓевски Кадино.

Мелничарите уверуваат дека поскапувањето тука ќе сопре но ако има ценовни промени во регионот,дополнително ке се реагира во цените на лебот и печивата.Ресорното министерство се правда дека не биле известени за намерата за поскапување на лебот од 15 на 18 денари.Ќе почекаат велат  пред да интервенираат за стабилизирање на цените

  • Ќе ја следиме состојбата и доколку дојде до драстично зголемување на цените што би влијаело врз поскапување на животниот стандард , постои можност да интервенираме преку Агенцијата за стокови резерви , која што во ек на жетвата направи јавна набавка од 13 000 тони пченица.На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот, соопштија од Минитерство за земјоделие

Последен пат брашното и лебот поскапеа во 2007 и 2011 година поради поскапувањата на житните култури и нафтата на светските берзи.Во Македонија годишно се увезува околу 54 000 тони брашно и 87 000 тони пченица што е 50 % од годишните потреби.

 

Вилета Зајкова

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ