Поранешниот директор на УБК Атанасовски, кажа дека не знае каде бил на 27-ми април

Од затворот во Шутка директно во судницата да сведочи на барање на Александар Василевски – Нинџа. Поранешниот директор на УБК  Владимир Атанасовски од ново и осомничен за насилствата на 27 ми април влета меѓу прашања од судијката, Василевски, и неговиот адвокат. Одговараше збунето и кусо. За Нинџа рече дека го познавал од видување, а дали бил дел од службите ги препрати во УБК на одговори. Уште позбунувачки беше неговиот одговор што правел на 27-ми април

„Не се сеќавам точно каде бев непосредно пред настанот. Со работа завршив во 18 и 30 часот, а потоа заминав на ракометен меч“.

Судијката Добрила Кацарска незадоволна од одговорот, побара да се острани од судницата. Неговото место го презеде братот на Нинџа, Благоја Василевски кој на единственото дозволено прашање рече:

„На 27 април минатата година во бев во Виена, на службено патување. Имав краток семеен разговор со Нинџа, за здравјето на мојата мајка“

Второто полувреме на рочиштето каде Василевски даваше своја одбрана му помагаше со одговори и неговиот кумашин, сведокот Веле Петрушевски кој рече дека на 27 ми го однел Нинџа во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ со автомобил.

Најопширно за улогата на Василевски во структурите на тајната полиција посведочи Дејан Димковски, обвинет, па ослободен од обвинение за 27 ми, а оттогаш и со отказ во УБК. Димковски го видел неколкупати Василевски во двете тајни бази на УБК, а тогашниот помошник директор сега бегалец од правдата Никола Бошковски му рекол дека Нинџа служи за посебни оперативни акции од 2015-та, за што постоеле и службени белешки.

Судијката Кацарска и 33-цата обвинети продолжуваат со доказна постапка во понеделник ,за сведок на Вилијам Михајловски Леви ќе му биде повикан поранешниот спикер Трајко Вељановски.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ