Поранешната директорка на кожната клиника, Нина Цаца Билјановска на домашно лекување

Екс директорката на кожната клиника, Нина Цаца Билјановска е испишана од Клиниката за инфективни болести, потврди на прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче. Тој не открива детали кога е пуштена на домашно лекување, но претходно потенцираше дека за да биде некој излечен треба да има два последователни негативни тестови на Ковид 19. Инаку против неа се води истрага во обвинителството кое чека дополнителни информации од полицијата и здравство за тоа дали некого заразила.

Според досегашните информации пак утврдени се петмина заразени медицински лица на клиниката со која таа раководеше, а која беше затворена три недели односно по откривањето на случајот. Инаку нејзиниот случај стана познат во јавноста за тоа што таа и покрај тоа што била на скијање во Италија која е високоризична земја, не седела во самоизолација. Напротив одела на работа, а викендот по доаѓањето од Италија држела и симпозиум со нејзини колеги од земјава и Грција.

Веднаш беше разрешена од функцијата директор.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ