Татко и малолетна ќерка повредени во верижниот судар на автопатот Велес – Скопје, сообраќајот уште во прекин

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Поради несреќата, сообраќајот е сé уште во прекин, информираат за МИА од СВР Велес. Велат и дека увидот трае, но наскоро се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во велешката болница, според д-р Љупчо Леов, се примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци кои се со полесни телесни повреди и нагмечувања по телото.

Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

Сообраќајната несреќа се случила кај местото Кула а автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

 

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ